Ekipa
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
АТИНА (АА) - Околу 350 грчки пожарникари со помош на канадер и десетина противпожарни возила веќе трет ден по ред се борат да го задржат под контрола пожарот што ја зафати боровата шума северно од Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите велат дека никој не е повреден во пожарот помеѓу Вамавас и Kаламос, околу 45 километри од Атина, но оштетени се најмалку 20 куќи.
Официјалните лица посочуваат дека населените места не се во непосредна опасност. Девет авиони и хеликоптери се обидуваат да го спречат огнот што навлезе длабоко во некои од ретките древни шуми во близина на Атина.
Во неделата, над Атина почна да се создава облак од чад, а низ воздухот во сите делови на градот лебдеше пепел.
Пожарникарите исто така се борат со шумските пожари во јужниот дел на Пелопонез и во западниот дел на островот Закинтос.