Abdulselam Durdak
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ФРАНКФУРТ (АА) Германската авиокомпанија „Air Berlin“ (Ер Берлин) поднесе барање за стечај, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението на втората најголема германска авиокомпанија, „Air Berlin“, се наведува дека компанијата денеска започнала со процедурата за поднесување барање за стечај, со цел да продолжи со процесот на преструктурирање.
Според ова соопштение, Федералната германска влада, „Lufthansa“ како и другите партнери го поддржуваат „Air Berlin“ во работите за преструктурирање. „Федералната влада го поддржува Air Berlin со премостувачки заем, со цел оваа компанија да ги одржува летовите на долг рок“, се вели во соопштението.
Исто така, се истакнува дека денешното соопштение е објавено откако авиокомпанијата „Etihad“ соопштила дека веќе не сака да обезбедува финансиска поддршка за „Air Berlin“.
Според соопштението на оваа авиокомпанија, сите летови управувани од „Air Berlin“ и од „NIKI“ ќе продолжат да се реализираат како што е планирано, нема да се менува програмата на летови, а резервациите ќе бидат валидни.
- „Неуморно работиме за да го постигнеме најдобриот резултат“ -
„Ако состојбата се земе предвид, неуморно работиме за да го постигнеме најдобриот можен резултат за нашата компанија, клиентите и за вработените“ истакна главниот извршен директор на „Air Berlin“, Томас Винкелман.
Меѓу другото, компанијата која е во редовна загуба од 2008 година, само во 2012 година оствари профит. Компанијата минатата година беше во загуба од над 780 милиони евра.