Bahattin Gönültaş
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Водечката германска компанија за производство на оружје „Heckler-Koch“ казнета е парично со 3,7 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Покраинскиот суд во Штутгарт изрече парична казна на компанијата „Heckler-Koch“, поради утврденото кршење на Законот за контрола на трговијата со оружје.
Спротивно на одредбите на Законот, петмина поранешни вработени лица на компанијата во периодот од 2006 до 2009 година продавале автоматско оружје на купувачите во кризните региони на северниот дел на Мексико.
Во пресудата се наведува дека станува збор за 4.500 продадени пушки G36, чија вкупна вредност е близу 4,1 милион евра.