свет

Германија: Срушен воен авион на САД

Според соопштението на полицијата, воен авион на САД се сруши во зона меѓу подрачјата на Земер и Рот, околу 15:00 часот по локално време

Mesut Zeyrek  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Германија: Срушен воен авион на САД

КЕЛН (АА) - Воен авион на војската на САД се сруши во зона меѓу подрачјата на Земер и Рот, во близина на германскиот град Трир, кој се наоѓа во близина на границата со Луксембург, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на полицијата, воен авион на САД се сруши во зона меѓу подрачјата на Земер и Рот, околу 15:00 часот по локално време.

Според неофицијалните информации, пилотот на овој авион, од типот F-16, се спасил откако катапултирал, и е пренесен во болница на лекување.

Се вели дека спасувачките екипи се упатени кон местото на настанот.

Сѐ уште не се знае дали има други повредени, а надлежните започнаа истрага за откривање на причината за оваа несреќа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın