свет

Во 2019 година фатени милион илегални мигранти на американско-мексиканската граница

Марк Морган, вршител на должноста шеф на Комесаријатот за царина и гранична заштита (CBP), во Белата куќа одржа брифинг за медиумите на кој говореше за последната состојба во врска со мигрантите

Dildar Baykan  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Во 2019 година фатени милион илегални мигранти на американско-мексиканската граница

ВАШИНГТОН (АА) - Во 2019-тата финансиска година во САД биле фатени околу милион илегални мигранти на границата со Мексико, јавува Аnadolu Agency (AA).

Марк Морган, вршител на должноста шеф на Комесаријатот за царина и гранична заштита (CBP), во Белата куќа одржа брифинг за медиумите на кој говореше за последната состојба во врска со мигрантите.

Морган нагласи дека САД минатата година биле изложени на илегален миграциски тек на непредвидливо и зачудувачко ниво.

„Како резултат на безбедносните активности на Комесаријатот за царина и гранична заштита на јужната граница, во 2019-тата финансиска година фатени се околу милион илегални мигранти“, рече тој.

Морган истакна дека оваа бројка е 88 отсто поголема од бројката забележана во 2018-тата финансиска година.

Според него, намалена е бројката на илегални мигранти како резултат на соработката на САД со Мексико, Гватемала и Ел Салвадор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın