свет

Германија со неиспраќањето оружје предизвика разочарување во Украина

„Германија нѐ разочара“, истакна Кулеба и додаде дека единството на Западот во однос на Русија е сега поважно од кога било

Meiramgul Kussainova  | 24.01.2022 - Обновена : 25.01.2022
Германија со неиспраќањето оружје предизвика разочарување во Украина

КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, порача дека Украина е разочарана со тоа што властите на Германија одбиле да ѝ продадат оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кулеба на Твитер ги коментираше и критикуваше неодамнешните изјави на германскиот премиер Олаф Шолц и шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок, кои се противат на продажбата на наоружување и одбранбена опрема на Украина.

„Германија нѐ разочара“, напиша Кулеба и додаде дека единството на Западот во однос на Русија е сега поважно од кога било.

Нагласувајќи дека се потребни заеднички напори за зауздувањето на Русија, Кулеба рече дека германските партнери мора да престанат да го поткопуваат тоа единство и да го охрабруваат Владимир Путин да започне нова офанзива против Украина.

Кулеба истакна дека е благодарен за поддршката која Германија ја пружа на Украина од 2014 година и на нејзините дипломатски иницијативи во однос на конфликт меѓу Русија и Украина.

„Сепак, сегашните изјави на германскиот лидер се разочарувачки и се во спротивност со таа поддршка и напори“, нагласи Кулеба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın