свет

Германија: Погодените од поплавите се жалат дека сојузните влади ги отежнуваат работите на хуманитарните организации

Жителите од погодените региони наведуваат дека државата ги гледа хуманитарните организации како ривали и ја попречува нивната координација

Cüneyt Karadağ  | 30.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
Германија: Погодените од поплавите се жалат дека сојузните влади ги отежнуваат работите на хуманитарните организации

БЕРЛИН (АА) - Во катастрофата од поплавите, која се опишува како најголемата трагедија во последните 200 години во Германија, погодените жители се жалат дека сојузните покраини ги сметаат хуманитарните организации како ривали, и ја отежнуваат нивната работа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фактот дека сојузните влади во Северна Рајна-Вестфалија и Рајналд-Фалц започнаа да собираат помош преку „заедничка сметка за донации“, отворена по поплавите, доведе до перцепција дека во Германија нема хуманитарни организации со децениско искуство во финансирањето и управувањето со катастрофите.

Жителите од регионот во објавите на своите профили на социјалните медиуми наведуваат дека државата ги гледа хуманитарните организации како ривали и ја попречува нивната координација.

Една од главните критики е дека парите собрани на сметките отворени од локалната самоуправа не се јасни на кого, под кои услови, кога и во која мера се даваат. А исто така, распределбата на помошта е предмет на бирократски процедури.

- „Никој не сака да пополнува формулар на три страници за машина за перење“ -

На хуманитарните организации им е непријатно поради ненадејниот влез на сојузните покраини во конкуренцијата за собирање средства.

Државата, која хуманитарните работи во случаи на поплави или природни катастрофи ги истави целосно на овие организации, сега ги третира како ривали.

Дариуш Гобад од „Актионбинднис катастрофенхилф“, кој ги координира организациите „Каритас интернешнал“, „Диакони катастрофенхилф“, Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Црвениот крст, за германските медиуми изјави дека ривалството на сојузните покраини ја отежнува координацијата на помошта во областите зафатени со катастрофата.

Гобад, исто така, истакнувајќи дека критериумите за помош не се толку сложени како на сојузните покраини, нагласи: „Тука сме малку послободни. Не смееме парите да ги трошиме тукутака, но никој не сака да пополни формулар на три страници кога ќе му биде потребна нова машина за перење.“

Хуманитарните организации можат да ги распределат сите пари што ќе ги соберат на погодените од катастрофата, но се бара одговорот на прашањето дали сите пари акумулирани на сметките отворени од државата ќе бидат префрлени на настраданите од поплавите.

Од друга страна, досега собраните пари покажуваат кој може ефикасно да собира донации.

Хуманитарните организации собраа 110 милиони евра за една недела, на сметките отворени од локалните власти собрани се околу 12 милиони евра. Тоа покажува дека граѓаните повеќе им веруваат на хуманитарните организации отколку на владите.

Германските медиуми ги обвинуваат и федералните и сојузните влади за неспособност да одговорат на ситуации како што се природни катастрофи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.