свет

Германија побара „време“ за преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија

„На Парламентот треба да му дадеме време за ова прашање. Но се надевам дека во најкратко време ќе постигнеме позитивна евалуација“

Şerife Çetin  | 18.06.2019 - Обновена : 19.06.2019
Германија побара „време“ за преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија

БРИСЕЛ (АА) - Германија сѐ уште не даде зелено светло за процесот на преговори за членство на Северна Македонија и Албанија, кој Советот на ЕУ планираше да го започне денеска, јавува Anadolu Agency (AA).

Германскиот министер задолжен за Европската Унија (ЕУ), Мајкл Рот, во изјава за медиумите, во рамки на состанокот на Советот на ЕУ задолжен за општи работи организиран во Луксембург, говореше за отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија.

„На Парламентот треба да му дадеме време за ова прашање. Но се надевам дека во најкратко време ќе постигнеме позитивна евалуација“, рече Рот.

Европската комисија минатиот месец упати предлог до Советот на ЕУ за започнување на преговорите за членство на овие две земји.

„Неотворањето на преговорите ќе влијае врз мотивацијата на овие земји и ќе го наруши кредибилитетот на процесот за проширување“, истакна вчера Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ задолжена за надворешни работи и безбедносна политика.

За да се започне процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, потребно е одобрение на 28-те земји членки на ЕУ.

Покрај Германија, исто така и Франција, Холандија и Данска се меѓу земјите кои изразуваат колебање во врска со процесот за проширување на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.