Mesut Zeyrek
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
КЕЛН (АА) - Непознати вандали во германскиот град Гунцбург на две возила испишале исламофобични пораки и навредливи симболи, јавува Агенција Анадолија (AA).
Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB) соопшти дека на два автомобили, од кои едниот е погребно возило на ДИТИБ, се испишани исламофобични пораки и кукест крст (свастика).
Се наведува дека инцидентот се случил во текот на ноќта и дека на возилата е причинета материјална штета. Во соопштението се додава дека прозорците на погребното возило биле скршени и дека на него со спреј е нацртан кукест крст.
Возилото било паркирано на улицата „Реисенсбург“, една од најфреквентните во Гунцбург.
Полицијата соопшти дека е започната истрага во врска со инцидентот.
Пред два дена во истата улица на друго возило, чиј сопственик е бизнисмен од турско потекло, исто така беа испишани слични пораки.