Mesut Zeyrek
22 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
ХАНАУ (AA) - По расистичкиот терористички напад во Ханау, утре во овој германски град ќе биде одржан протестен марш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните ќе се соберат на плоштадот „Курт Шумахер“ во попладневните часови, по што ќе биде организиран марш под називот „Против тероризмот и непријателството кон исламот“.
Салих Ташдирек, претседавач на Комитетот за марш против тероризмот и непријателство кон исламот, ги повика сите граѓани да бидат дел од овој собир со цел да му кажат „не“ на тероризмот.
Потсети дека сите се тажни поради нападот во Ханау.
„Се молиме да не се повторат ваквите терористички напади и не треба да останеме само на молитва, потребно е нешто и да се направи во таа смисла“, појасни Ташдирек.
Комитетот, кој го сочинуваат голем број невладини организации, одлучи утре, недела, да организира голем марш.
„Овој марш е од големо значење. Ги молиме сите наши граѓани да покажат сочувство. Ги повикуваме сите да дојдат утре и да му се приклучат на овој марш“, рече Ташдирек.
Расистичкиот терорист Тобиас Р. во две кафулиња во Ханау пред неколку дена уби 9 лица.
Специјалната германска полиција го пронајде напаѓачот мртов, а во станот мртва е пронајдена и неговата мајка. Напаѓачот поседувал ловечка дозвола и зад себе остави писмо и видеопорака.