Cüneyt Karadağ
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Маж во Германија физички нападнал муслиманка и ѝ ја искинал шамијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува весникот „Тагершпигел“, маж навредувал и физички нападнал жена со шамија во квартот Вајсензе во главниот град Берлин.
Наведено е дека 37-годишниот маж ѝ ја искинал шамијата на 39-годишна жена која јадела во ресторан и ја удрил во главата и горниот дел од телото.
Германската полиција започна истрага за нападот.
Полицијата објави дека осомничениот имал околу 2,2 промили алкохол во крвта.