свет

Германија изрази силна поддршка за планот за Газа, избегнувајќи воена обврска

„Сега ни е потребна брза имплементација. Заложниците, меѓу кои и германски државјани, конечно мора да бидат вратени кај нивните семејства“

Ayhan Şimşek  | 10.10.2025 - Обновена : 10.10.2025
Германија изрази силна поддршка за планот за Газа, избегнувајќи воена обврска

БЕРЛИН (АА) - Германија денес објави дека ќе го поддржи планот за Газа со голема финансиска и техничка помош, но нема да прати војници во планираните меѓународни безбедносни сили, јавува Анадолу.

Канцеларот Фридрих Мерц го поздрави договорот за прекин на огнот меѓу палестинското движење Хамас и Израел, изразувајќи благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, како и до Катар, Египет и Турција за нивните посреднички напори.

„Сега ни е потребна брза имплементација. Заложниците, меѓу кои и германски државјани, конечно мора да бидат вратени кај нивните семејства“, рече Мерц.

„Прекинот на огнот во текот на наредните недели. Хуманитарната помош мора брзо да стигне до луѓето во Газа.“

Тој најави дека Германија веднаш ќе обезбеди дополнителни 29 милиони евра хуманитарна помош за Газа. Германија, исто така, со Египет ќе организира конференција за обнова, фокусирајќи се на приоритетите како што се обновување на водоводната и енергетската инфраструктура и подобрување на медицинскатата нега.

„Подготвени сме да преземеме одговорност во одборот предложен од претседателот Трамп“, рече Мерц, осврнувајќи се на меѓународното тразнициско тело, „Одбор за мир“, кој ќе го води американскиот претседател.

Тој додаде дека Германија ќе продолжи да го поддржува процесот на консолидација и реформи на Палестинската самоуправа за да може да игра улога во иднината на Газа.

Во врска со безбедносните аспекти на планот за Газа, германскиот канцелар сигнализираше дека Берлин е подготвен да преземе одговорност со поддршка на полициските мисии на ЕУ во Газа.

„Германската Влада ќе работи на зајакнување на мисиите на Европската Унија - ЕУБАМ Рафа, која ја поддржува заштитата на границите, и ЕУПОЛ КОППС, која ги поддржува палестинската цивилна полиција и судството“, рече тој.

Канцеларот, исто така, ја нагласи важноста од воспоставување привремени меѓународни сили за стабилизирање како дел од планот за Газа. Тој рече дека Германија ќе поддржи создавање правна рамка за такво присуство, евентуално преку резолуција на Советот за безбедност на ОН.

„За Германија, прашањето за воено учество не се поставува“, истакна тој, појаснувајќи дека Германија не планира да праќа војници во меѓународните сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.