свет

Германија ги отфрли повиците на ЕУ за забрана на туристичките визи за Русите

„Усвоивме остри, конкретни санкции против многу руски функционери, олигарси и моќни групи во Русија... но, ако сега ги прошириме овие мерки на сите, вклучително и на целосно невините луѓе, тогаш тоа би ја намалило ефективноста на овие санкции“

Ayhan Şimşek  | 11.08.2022 - Обновена : 12.08.2022
Германија ги отфрли повиците на ЕУ за забрана на туристичките визи за Русите

БЕРЛИН (АА) - Германија ги отфрли повиците на Европската Унија (ЕУ) за забрана на туристичките визи за руските граѓани, наведувајќи дека санкциите не треба да им штетат на невините луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Оваа војна е војна на Путин“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека санкциите треба да бидат насочени против рускиот претседател Владимир Путин и оние кои ја поддржуваат војната во Украина.

„Усвоивме остри, конкретни санкции против многу руски функционери, олигарси и моќни групи во Русија и секако ќе продолжиме да преземаме понатамошни чекори. Но ако сега ги прошириме овие мерки на сите, вклучително и на целосно невините луѓе, тогаш тоа би ја намалило ефективноста на овие санкции“, рече тој.

Претходно оваа недела, Финска и Естонија ги повикаа другите членки на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани како одговор на руската војна против Украина.

„Посетата на #Европа е привилегија, а не човеково право“, објави естонската премиерка Каја Калас на Твитер во вторникот, наведувајќи дека сега е „време да се стави крај на туризмот од Русија“.

Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, потврди дека Владата планира да ги заостри визните правила за руските граѓани и ќе го покрене ова прашање за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ закажан за крајот на овој месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın