Erbil Başay
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Најмалку две лица загинаа во оружен напад во еден ноќен клуб во Костанца, германски град во сојузната покраина Баден-Виртемберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската полиција и обвинителството во заедничкото соопштение наведоа дека вооружен напаѓач рано утрово во ноќен клуб отворил оган и убил едно, а ранил најмалку три лица.
Пукотниците предизвикаа паника и стампедо во ноќениот клуб во најголемиот град во Германија на Боденското Езеро.
Напаѓачот при излегување од клубот е убиен во престрелка со полицијата. Притоа полесно е ранет и еден полицаец.
Истрагата за случајот е во тек, а полицијата соопшти дека сѐ укажува на тоа дека напаѓачот дејствувал сам.
Во Констанца денес се зајакнати безбедносните мерки.