Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Генералното собрание на ЕП расправаше за Украина. Барањето за расправа за ситуацијата во Газа беше одбиено

- Пратеничката од Португалија Катарина Мартинс во своето обраќање потсети на 'десетиците илјади смртни случаи' во Појасот Газа и додаде: „Бомбите, гладот ​​и болеста ги убиваат луѓето во Газа. Сведоци сме на геноцид.“
Merve Berker
17 Јули 2024•Ажурирано: 20 Јули 2024
Генералното собрание на ЕП расправаше за Украина. Барањето за расправа за ситуацијата во Газа беше одбиено

АНКАРА (АА) – Европскиот парламент ја нагласи потребата од „континуирана поддршка за Украина“ во услови на тековната руска војна против земјата, јавува Анадолу.

Пленарната сесија на Парламентот на ЕУ, која првпат се состана вчера по изборите одржани на 6 и 9 јуни, повторно се состана втор ден за да разговара за ова прашање.

Роберта Мецола, реизбрана за претседател за време на вчерашното гласање, ја иницираше седницата давајќи им збор на претставниците на политичките групи што побараа да се додадат точки на дневниот ред пред да се разговара за Украина.

Во врска со тековната војна на Русија против Украина, Анджеј Халицки од Европската народна партија ја истакна неопходноста од „зголемување на безбедноста на Украина“. Цитирајќи го полскиот премиер Доналд Туск, тој рече: „Секој што ѝ помага на Украина си помага себеси.“

„Зголемувањето на безбедноста на Украина ја зголемува нашата (европска) безбедност и безбедноста на луѓето што ние (Европа) ги претставуваме“, нагласи тој, додавајќи: „Никој нема право да се нарекува патриот ако го поткопува ова.“

Неколку други членови на Парламентот, исто така, зборуваа за тековната војна и за мерките што се потребни за „да се обезбеди Украина да победи“ против руската агресија.

Претседателката Мецола им даде збор на претставниците на политичките групи кои побараа да се додаде точка на дневниот ред.

Пратеничката од Португалија Катарина Мартинс, која говореше во име на левата група, рече дека нејзината група сака на дневен ред да се стави „геноцидот во Газа“. Во своето обраќање Мартинс потсети на 'десетиците илјади смртни случаи' и додаде: „Бомбите, гладот ​​и болеста ги убиваат луѓето во Газа.“

„Нарушени се основните принципи на меѓународното право. Израел ги бомбардира и областите што ги прогласи за безбедни“, критикуваше Мартинс и нагласи: „Сведоци сме на геноцид.“

„ЕУ има посебна одговорност. Човековите права и меѓународното право се поткопани. ЕУ има договор за партнерство со Израел. Оружјето и парите на Европа убиваат луѓе во Газа. Затоа, ни треба расправа за ситуацијата во Газа на почетокот на мандатот за да го направиме нашиот законодавен дом веродостоен“, побара португалската пратеничка и предложи седница на Парламентот на која ќе се разговара за Газа.

Предлогот на Мартинс беше даден на гласање, но не го доби потребното мнозинство. На седницата од вкупно 416 пратеници кои учествуваа во гласањето 251 гласаа против темата за Газа.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, убиени се над 38.700 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 89.000 се повредени.

По повеќе од девет месеци од почетокот на израелскиот напад големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред почетокот на копнената офанзива на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

related_topics:
УкраинаРусијаПарламент на ЕУПалестинаГаза
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Кина ги прекина консултациите со САД за контрола на оружјето

Кина ги прекина консултациите со САД за контрола на оружјето

Следно

Во израелските напади врз Газа загинаа уште 81 Палестинец, билансот се приближува до 38.800

Во израелските напади врз Газа загинаа уште 81 Палестинец, билансот се приближува до 38.800

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопје: Комеморација по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство во Турција

Израелскиот премиер Нетанјаху се појави на суд, продолжува судењето за корупција

Данските служби за итни случаи предупредуваат на ризик од пожари поради екстремната суша

ЕУ и Украина започнаа партнерство во одбраната фокусирано на соработка за беспилотни летала

Кремљ: Предупредувањата на Литванија за можни руски напади се хорор-приказни

Ердоган го пофали храбриот отпор на нацијата за спречување на предавничкиот обид за државен удар на 15 јули

Вториот ден од либанско-израелските преговори во Рим заврши по разговорите за „пилот-зоните“

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Палестина одбележан Денот на независноста

Во Палестина одбележан Денот на независноста

На западниот брег приведени 25 Палестинци

На западниот брег приведени 25 Палестинци

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Џон Кери: Продолжувањето на тензии донесува неизвесност на единственото палестинско раководство

Џон Кери: Продолжувањето на тензии донесува неизвесност на единственото палестинско раководство

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Грчкиот парламент ја усвои одлуката за признавање на државата Палестина

Грчкиот парламент ја усвои одлуката за признавање на државата Палестина