Şerife Çetin
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 16 април ќе допатува во официјална посета на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатските извори, Столтенберг ќе оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, началникот на Генералштабот на турската Армија, Хулуси Акар, со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, како и со министерот за национална одбрана на Турција, Нуретин Џаникли.
Како што е соопштено, во средбите на Столтенберг со високите државни претставници на Турција ќе се разговара за односите меѓу Турција и НАТО, операцијата „Маслинова гранка“, борбата против тероризмот, за подготовките за Самитот во Брисел 2018, како и за регионални прашања.