Zehra Ulucak
24 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
МИЛАНО (АА) – Вулканот Етна, кој се наоѓа на островот Сицилија во Италија, почна повторно да исфрла лава и пепел.
Во соопштението од Опсерваторијата на вулканот Етна се вели дека од новата пукнатина на активниот вулкан неколку дена се забележани невообичаени сеизмички движења и исфрлање лава и пепел.
Во изјавата, исто така, се наведува дека во близина на југоисточниот кратер на вулканот има пукнатина и дека од полноќ досега се регистрирани 130 потреси. Најмоќниот од нив бил со магнитуда од 4,0 степени.
Локалното население истакнало дека се слушнало „голема експлозија“ по потресите. Лицата што пешачеле на повисоките места на вулканот, од безбедносни причини, се симнати од планината. Тие се вратиле без некакви повреди. Исфрлениот пепел и лава засега не претставуваат опасност за локалното население.