Ayşe İrem Tiryaki
21 Ноември 2024•Ажурирај: 22 Ноември 2024
КРИНТАВИК (АА) - Исландската метеоролошка служба објави дека вулканот на полуостровот Рејкјанес повторно вчера еруптираше.
Во соопштението е забележано дека по експлозијата која била со помал интензитет отколку во август, околу вулканот се формирала пукнатина долга 3 километри, при што ерупцијата не претставува закана за авиокомпаниите.
Властите предупредија за емисија на гас во некои области, вклучувајќи го и градот Кринтавик.
Од друга страна евакуирани се приближно 50 жители во областа.
Станува збор за 7-ма вулканска активност во рок од една година.