Ayşe Doğru
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
АНКАРА
Експлозија настана пред полициска станица во данската престолнина Копенхаген, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во локалните медиуми, во подрачјето Норебро во главниот град Копенхаген дошло до експлозија пред една полициска станица. Во експлозијата нема загинати или ранети, но оштетена е фасадата на објектот.
За една недела ова е втора експлозија во главниот град.
Во средата, на 7 август, имаше експлозија пред данската Даночна управа, при што едно лице беше полесно повредено. Полицијата тогаш соопшти дека експлозијата била осмислен напад.
Засега официјално не е објавена поврзаност меѓу двете експлозии.