Şenhan Bolelli
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
МАДРИД (АА) - Шпанската невладина организација „Опен Армс“ (Open Arms) спаси уште најмалку 39 мигранти на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата претходно од Средоземното Море спаси група од вкупно 121 мигранти, кои треба да бидат префрлени во најблиската земја, со исклучок на Либија.
Екипажот на спасувачкиот брод упати барање до Италија, Малта и Шпанија, но со оглед на тоа што сѐ уште не доби потврден одговор, мигрантите веќе девет дена чекаат на бродот во пристаништето Лампедуза во Италија.
И покрај фактот што мигрантите никој во опкружувањето не сака да ги прими, споменатата организација продолжи со спасување мигранти, а во синоќешната акција спасени се уште 39, со што бројот на спасени мигранти е зголемен на 160.
Познатиот американски актер Ричард Гир вчера ги посети мигрантите блокирани на бродот и им подели храна и овошје.
„За овие луѓе овде сега е најважно да стигнат во едно слободно пристаниште, да слезат од бродот, да зачекорат на копно и да започнат еден нов живот“, рече Гир.