Şenhan Bolelli
07 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
МАДРИД (АА) - Вработените во железничката компанија „Ренфе“ во Шпанија штрајкуваат со образложение дека не се исполнети нивните барања за покачување на платите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синдикатите на вработените на „Ренфе“ тврдат дека зголемувањето на платите во колективните договори не е направено според инфлацијата, и донеле одлука за штрајк на 7 и на 13 ноември.
Како резултат на штрајкот што опфаќа околу 14.000 вработени во железницата, настанаа големи редици во повеќе железнички станици во Шпанија.
Синдикатите соопштија дека бараат вработените кои во 2022 година биле со привремен договор, во 2023 година да им биде понуден договор на неопределено.