Alaattin Doğru
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
БАНГУИ (АА) - Поради судири на вооружените групи, околу 90.000 лица ги напуштија своите домови во северниот дел на Централноафриканската Република, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека околу 65.000 лица од руралните подрачја пронашле спас во градовите Пава и Маркоунда кои се наоѓаат во близина на границата со Чад. Според податоците на Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН (OCHA), уште 25.000 лица само за неколку недели ги напуштиле северните подрачја на земјите и побегнале во соседен Чад.
Еден дел од мигрантите во Пава се сместени кај локалното население, додека друг дел се сместени во населениот простор околу локалната црква и чекаат да бидат згрижени од локалната власт.
Петнаесетина невладини организации им даваат помош на цивилите што се наоѓаат во Чад.
Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, само од декември наваму дури 37.000 лица пронашле спас во соседните земји.
Според нив, Централноафриканската Република е една од земјите со најлоша хуманитарна ситуација во светот. Секое второ лице се наоѓа во состојба на потреба.
Судирите во Централноафриканската Република започнаа во 2013 година, кога бунтовниците Селека го соборија претседателот кој беше од христијанска вероисповест. Секташките судири продолжија и покрај посетата на папата Франциско во 2015 година и неговиот повик за воспоставување мир.