Esra Taşkın
11 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
ПАРИЗ (АА) - Во Франција ќе се формира оддел кој ќе има за цел да ги заштити децата од насилство и несоодветна содржина на интернет, пренесува Агенција Анадолија
Како што наведуваат локалните медиуми, францускиот претседател Емануел Макрон најавил дека ќе се формира единица за заштита на децата од насилство, киберзлоупотреба и несоодветна содржина на интернет.
„Дигиталниот простор не може да биде простор за беззаконие. Ова е нашата борба против тероризмот, против говорот на омраза на интернет. Тоа е она што мораме да го продолжиме со цел ги заштитиме нашите деца“, рече Макрон.
Нагласи дека овој оддел треба да ги осмисли начините за подобра заштита на децата на интернет.
Во рамките на почитувањето на приватноста и личните податоци, дигиталните платформи како „Амазон“, „Мета“, „Мајкрософт“ и „Тик Ток“, како и Франција, Естонија и Нов Зеланд потпишаа договор за формирање единица која ќе спроведува активности за прецизно утврдување на возраста на интернет-корисниците и за подобра заштита на малолетниците на интернет.