Adam Abu-bashal,Ömer Faruk Özbil
16 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
КАМПАЛА (АА) - Ретки земни елементи се откриени во регионот Бусога во Уганда, чија вредност се проценува на 370 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).
На рударската конференција одржана во главниот град Кампала соопштено е дека се откриени ретки земни елементи, како што се итриум, галиум и скандиум.
Големината на резервите, што на јавноста ѝ е соопштена на конференцијата, на која присуствуваа потенцијални инвеститори во рударската и помошна индустрија од разни земји, изнесува околу 300 милиони тони.
Рут Нанкабирва, министерката за енергетика и минерален развој, соопшти дека Кина доминира на светскиот пазар во производството на ретки земни елементи.
„Ова откритие ќе овозможи индустријализација на Уганда и ќе нè стави во клучна позиција на меѓународната арена“, рече министерката Нанкабирва.
Наведувајќи дека ќе овозможи одржливо истражување и работа на рудниците во Уганда, Нанкабирва рече дека подготовките ќе завршат до 2024 година и ќе започне вадењето на рудата.