Büşra Nur Bilgiç
18 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
ЖЕНЕВА (AA) – Меѓународната организација за миграции (ИОМ) на Обединетите нации во петок објави дека 4.216 мигранти и бегалци стасале во Европа по морски пат во првите 16 дена од 2019 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во истиот период минатата година во Европа влегле 2.365 мигранти и бегалци“, наведуваат од ИОМ.
„Во првите 16 дена од оваа година на три главни рути во Медитеранско Море загинаа 83 лица во споредба со 199 во истиот период претходната година“, нагласува ИОМ.
Агенцијата на ОН минатата седмица објави дека во периодот помеѓу 2014 и 2018 година на опасниот пат кон Европа животот го загубија 30.510 мигранти.