Ahmad Adil
26 Ноември 2023•Ажурирај: 01 Декември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Четворица студенти загинаа, а десетици се повредени во стампедо на универзитет во Јужна Индија, пренесува Анадолу.
Пинараји Виџајан, главен министер на индиската држава Керала, преку платформата X соопшти дека државата е во шок поради стампедото што се случи на Универзитетот за наука и технологија „Кочин“ во градот Ернакулам.
Инцидентот се случил синоќа за време на универзитетски фестивал во моментите кога требало да започне музички концерт.
„Сочувство до семејствата на четворицата студенти кои ги загубија своите животи“, напиша Виџајан на Х синоќа, додавајќи дека на повредените им се обезбедува соодветно лекување.
„Темелна истрага за инцидентот ќе започне без одлагање“, истакна тој.
Индискиот дневен весник на англиски јазик „Тајмс оф Индија“ објави дека над 60 студенти кои биле повредени во несреќата биле итно пренесени во болница.