Sorwar Alam
03 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турската војска објави дека во рамките на воената акција „Штитот на Еуфрат“, која е поддржана од страна на турската војска, во последните 24 часа, во северниот дел на Сирија се неутрализирани 47 терористи на ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од соопштението од Генералштабот на турската војска се додава дека Турските вооружени сили, на 164. ден од операцијата погодиле 135 позиции на ДЕАШ во северниот дел на Сирија. Турските авиони уништија 64 позиции, вклучувајќи 45 објекти, три возила натоварени со експлозив и пет команди кои терористите ги користеле во сирискиот регион Ал Баб.
Акцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната кон крајот на август минатата година, со цел да се засили безбедноста на границите, да се елиминира терористичката закана долж турската граница со Сирија и да се поддржат опозициските сили во Сирија. Дел од акциите е и поддршката на турските авиони и на артилеријата на Умерената сириска опозиција во борбата против ДЕАШ.
Борците на Умерената сириска опозиција се сконцентрираа на заземање на градот Ал Баб, кој е под контрола на ДЕАШ, а се наоѓа на 40 километри североисточно од Алепо.