Sadik Kedir Abdu
23 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
АДИС АБЕБА (АА) - Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во областа Гофа во јужна Етиопија се искачи на 146, потврди денес претставник на локалната власт, јавува Анадолу.
Во објавеното соопштение утринава се наведува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми, бидејќи напорите за потрага и спасување се во тек.
Катастрофата се случи во понеделникот наутро по локално време, јавуваат државните медиуми.
Во несреќата загинаа 96 мажи и 50 жени и деца, потврди претставникот на локалната власт и лидер на Комитетот за катастрофи, Хабтаму Фетена.
Друг локален функционер, Мисикир Митику, изјави дека меѓу жртвите има и спасувачи, а некои исчезнале за време на операцијата за пребарување и спасување.
По смртоносното свлечиште, гувернерот на Гофа, Дагмави Ајеле, ја изрази потребата заедницата да биде подобро опремена за справување со вакви катастрофи во иднина.
„Заедницата отсега па натаму треба да биде опремена и подготвена да се заштити од вакви катастрофи, бидејќи оваа област е најранлива“, рече Ајеле.
Тој, исто така, истакна дека напорите за пребарување и спасување се во тек и дека целосната штета од свлечиштето допрва треба целосно да се процени.
Свлечиштата во јужна Етиопија се чести за време на сезоната на дождови, која трае од јуни до август.