свет

Во светот секој ден од глад умираат 25 илјади луѓе

„Секоја година, околу 600 милиони луѓе се разболуваат затоа што консумираат несигурна храна, а од нив 420.000 умираат...“

Ayşe Böcüoğlu Bodur  | 15.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Во светот секој ден од глад умираат 25 илјади луѓе

АНКАРА

Претседателот на Централниот совет на Турското ветеринарно медицинско здружение (TVHB), Али Ероглу, за АА истакна дека годинешниот слоган за 16 октомври - Светскиот ден на храна, од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ОН) е: „Нашите активности се нашата иднина. Свет во кој е ставен крај на гладта со здрава исхрана“, јавува Anadolu Agency (AA).

Истакнувајќи дека главната задача на државите е да обезбедат луѓето да имаат пристап до соодветна и безбедна храна, Ероглу нагласи дека проблемите до пристапот до доволна и здрава храна, неправедната дистрибуција, болестите предизвикани од гладта и смртните случаи се проблеми на светот.“

Ероглу, наведувајќи дека едно од девет лица во светот се хранат недоволно, рече дека особено 22 отсто од децата под возраст од 5 години имаат нарушувања во развојот поради гладта и недоволната исхрана.

Тој рече дека во светот секој ден од глад умираат околу 25 илјади луѓе.

„Секоја година, околу 600 милиони луѓе се разболуваат затоа што консумираат несигурна храна, а од нив 420.000 умираат. Во време кога обемот на светската индустрија за козметика се смета дека е 200 милијарди американски долари, во истото тоа време, децата во Африка умираат од глад и од тоа што не можат да купуваат антибиотици кои чинат 10 фунти.“

- „Прејадувањето и дебелеењето станаа глобални“ 

Ероглу вели дека прејадувањето и дебелеењето станаа проблем на светско ниво, и дека ефектот од дебелеењто врз глобалната економија е околу 2 билиони долари.

Наведувајќи дека во светот има 700 милиони дебели и 2,3 милијарди луѓе кои имаат вишок на килограми, Ероглу рече: „Светската здравствена организација дебелината ја смета за едно од 10-те најризични заболувања. Неодамнешното истражување спроведено од страна на организацијата утврди дека дебелината е тесно поврзана со карциномот.“

Тој осврнувајќи се на извештајот на Светската банка, рече дека во светот се фрла 15 пати поголемо количество храна од количеството со кое може да се нахранат луѓето кои умираат од глад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın