Davut Demircan
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
АНКАРА
Според податоците собрани од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, денес бројот на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 во светот достигна 1.601.018, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако вирусот за првпат се појави во декември минатата година во Вухан, повеќе од 95.700 лица починаа и околу 355.000 се излекувани.
САД остануваат земја со најголем број заразени, чиј број изнесува 465.750, но Италија има најголем број смртни случаи, вкупно 18.279 починати.
Коронавирусот првенствено ги напаѓа белите дробови и респираторниот систем. Повеќето луѓе што се заразуваат покажуваат умерени симптоми, но може да биде особено фатално за постарите лица и оние со претходно постоечки состојби како хипертензија, дијабетес, срцеви заболувања и астма.
Се прават неколку напори за развој на вакцина, но повеќето експерти веруваат дека тоа нема да се постигне за најмалку уште една година или 18 месеци.