Nuri Aydın,Zuhal Demirci
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА
Во светот вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирус (Ковид-19) ја надмина бројката од 64,2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА):
Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.487.087 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 64.214.176, а оздравеа 44.462.587 заразени.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот, со бројка од 14.108.606, додека животот го загубија 276.979 заразени со вирусот.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 500.000 се:
Индија (9.499.710), Бразил (6.388.526), Русија (2.322.056), Франција (2.230.571), Шпанија (1.673.202), Велика Британија (1.643.086), Италија (1.620.901), Аргентина (1.432.570), Колумбија (1.324.792), Мексико (1.122.362), Германија (1.085.661), Полска (999.924), Иран (975.951), Перу (965.228), Јужноафриканска Република (792.299), Украина (745.123), Турција (668.957), Белгија (579.212), Ирак (554.767), Чиле (552.864), Индонезија (543.075), Чешка (528.474) и Холандија (527.523).
Земји во светот, покрај САД во кои бројот на смртни случаи надминува 10.000 се :
Бразил (173.862), Индија (138.159), Мексико (106.765), Велика Британија (59.051), Италија (56.361), Франција (53.506), Иран (48.628), Шпанија (45.511), Русија (40.464), Аргентина (38.928), Колумбија (36.934), Перу (36.031), Јужноафриканска Република (21.644), Полска (17.599), Германија (17.359), Индонезија (17.081), Белгија (16.786), Чиле (15.430), Турција (13.936), Еквадор (13.501), Украина (12.548), Ирак (12.306), Канада (12.211) и Романија (11.530).