Jeyhun Aliyev
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
КРАМАТОРСК (АА) ‒ Во украинските градови Харков, Краматорск, Мариупол, Миколаев и Одеса, како и во главниот град Киев, беше извршен напад од страна на руските сили, при што одекнаа експлозии по 4:50 часот по локално време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот украински град Киев се слушнаа експлозии и сирени предупредувајќи ги граѓаните да побараат засолниште од руските напади.
Додека некои цивили се обидуваа да го напуштат градот, други се засолнуваа во метрото и подрумите.
Станбен комплекс во североисточниот град Харков беше оштетен од руските напади.
Украинската државна гранична служба објави дека Русија извршила напад врз Украина од Белорусија кон северозапад, како и од окупираниот полуостров Крим, кој Москва нелегално го окупира во 2014 година.
Се наведува дека нападот го извршиле руските сили поддржани од Белорусија.
Се додава дека граничните трупи биле нападнати и дека имало напади и во градовите Луганск, Шуми, Чернихив и Житомир, сите области долж источната и северозападната граница на Украина.