Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ХАЛЕП (АА) - Во текот на руски воздушни напади во Сирија се уништени најмалку 25 училишта и раселено стотици илјади цивили во градовите кои се под контрола на умерената сириска опозиција, јавува Anadolu Agency (АА).
Алтернативната сириска влада формирана од страна oпозицисите групи соопшти дека тие биле мета на руските воздушни напади, а дека руските авиони не ги напаѓаа позициите на терористичката организација ДАЕШ.
Од крајот на септември минатата година, руските авиони изведуваат жестоки напади врз бунтовничките позиции во Идлиб, Алепо, Хама, Хомс, а потоа во руралните средини Латакија, Дара во јужниот дел на Дамаск.
Населени места, џамии, училишта, болници и пекари се исто така честа цел на руски воздушни напади.
Член на комисијата на локалната координација на активистите во Алепо за АА рече дека местото Ал Баб во североисточниот регион на Алепо во последните неколку дена е мета на жестоки руски воздушни напади.
Тој тврди дека најмалку 100.000 жители на градот, мораше да ги напуштат своите домови и да избегаат во побезбедни региони.