Elena Teslova
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
МОСКВА
Руската Федерална служба за безбедност (FSB) денес соопшти дека привела украински државјанин поради шпионажа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Маж, чиј идентитет не се открива, е фатен додека собирал доверливи податоци за истражување и развој во производството на лесно вооружување, наведоа од ФСБ.
„Според инструкциите на разузнавачките служби на Украина, странецот барал вработени во руски одбранбени компании кои имаат пристап до тајни информации“, се вели во соопштението на ФСБ.
Се наведува дека неговите цели биле да регрутира Руси и да добие од нив законски заштитени информации за ветувачки достигнувања во областа на малокалибарското оружје.
Против Украинецот е подигната кривична постапка под обвинение за шпионажа, за што е предвидена затворска казна од 10 до 20 години.
Украина сè уште не се огласи по повод апсењето на нејзиниот државјанин.