Emre Gürkan Abay
04 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
МОСКВА (АА) – Во Русија блокиран е пристапот до веб-страниците на радио „Свобода“ со седиште во САД, британската телевизија „Би-би-си“ на руски и „Медуза“ со седиште во Латвија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Федералната агенција за надзор на информатичките технологии и масовните медиуми (Роскомнадзор) ја ажурира листата на блокирани веб-страници во Русија.
Според тоа, на листата на веб-страниците кои се блокирани додадени се радиото „Свобода“, „Би-би-си“ на руски и „Медуза“.