свет

Во рација на израелската армија на Западниот Брег е убиено едно, ранети се две лица

Израелските војници извршиле рации во градот Јерихон на Западниот Брег и во многу области во близина, вклучително и Акаба Џабир, Ајн ес-Султан и Дујук ал-Фавка

Çağrı Koşak  | 23.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Во рација на израелската армија на Западниот Брег е убиено едно, ранети се две лица

РАМАЛА (АА) - Најмалку едно лице загина, а две се повредени за време на рацијата на израелската армија во област во која живеат Палестинци на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Според вестите на државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските војници извршиле рации во градот Јерихон на Западниот Брег и во многу области во близина, вклучително и Акаба Џабир, Ајн ес-Султан и Дујук ал-Фавка.

За време на рациите 44-годишниот Шади Иса Џелајта, татко на три деца во Ерихон, им подлегнал повредите од огнот од израелските сили, а двајца се повредени.

Едно лице е повредено во градниот кош и е во тешка состојба.

Најмалку 486 Палестинци се убиени, а 4.900 се повредени во нападите на израелската армија и илегалните доселеници на окупираниот Западен Брег од октомври минатата година.

Од 7 октомври, кога израелската армија обвинета за геноцид започна напад врз Појасот Газа, има зголемен број притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.