Haydar Karaalp
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
БАГДАД
Во пожарот што избувна вчера во болница за лекување на Ковид-19 во Ирак животот го загубија 64 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави ирачката официјална новинска агенција, заснована на информациите добиени од Канцеларијата за здравство „Зикар“, во ирачката јужна провинција Зикар, 64 лица ги загубиле животите во пожарот што доцна синоќа избувнал во болницата „Имам Хусеин“ во која биле хоспитализирани пациенти заразени со Ковид-19.
Покрај 64-те смртни случаи, во пожарот се повредени 50 лица.
Пожарот синоќа е изгаснат по интензивната работа на пожарникарите.
Во Багдад, главниот град на Ирак, во април избувна пожар во болница во која биле хоспитализирани пациенти заразени со Ковид-19. Во таа несреќа животот го загубија 82 лица.