Qais Omar Darwesh Omar,Ekrem Biçeroğlu
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, прогласи тридневна жалост по смртта на 9 Палестинци за време на рацијата на израелските сили во бегалскиот камп во Џенин во северниот дел на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската државна телевизија, откако Абас прогласи тридневна жалост за жртвите во Џенин, знамињата во Палестина се спуштија на половина копје.
Палестинската администрација одржа вонреден состанок по рацијата на израелската војска во Џенин.
Хамас остро изреагира против рацијата во Џенин, во која беа убиени 9 Палестинци.
„Израел ќе ја плати цената на масакрот кој го изврши во кампот во Џенин“, нагласи во писмено соопштение Салиј ал Арури, потпретседател на политичкото биро на Хамас.
„Нема да задоцни одговорот на Хамас против Израел“, рече Арури, упатувајќи апел до палестинските групи да покажат отпор во сите окупирани подрачја.