Gökhan Kavak
13 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 12 припадници на терористичката организација Ал Шабаб се неутрализирани во операцијата на сомалиската Армија против оваа терористичка организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на сомалиската Армија се наведува дека е спроведена операција против терористичката организација Ал Шабаб во регионот Хиран.
Сомалиската Армија информираше дека во операцијата загинале 12 припадници на терористичката организација Ал Шабаб, додавајќи дека во операцијата биле уништени многу објекти што ѝ припаѓале на таа терористичка организација.
Сомалија веќе неколку години е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, а најголема безбедносна закана во таа африканска земја е терористичката организација Ал Шабаб.