Tufan Aktaş
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
МОГАДИШУ (АА) – Сомалиски дипломат е избран за заменик-претседател на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) за прв пат по 33 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Постојаниот претставник на Сомалија во ОН, амбасадорот Абукар Осман Бале, е избран за заменик-претседател на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).
Амбасадорот Бале во соопштението објавено на Твитер рече дека со поддршка од 178 земји е избран за заменик-претседател на 75. Генерално собрание на Обединетите нации и дека со нетрпение чека да работи со претседателот Волкан Бозкир.
„Во оваа прилика, би сакал да им честитам на братска Турција и на турскиот народ“, нагласи Абукар Осман Бале.
Изборот на амбасадорот Бале за потпретседател на Генералното собрание на ОН се смета за важен дипломатски чекор во однос на напорите за стабилност и развој на Сомалија.
Сомалиски дипломати претходно беа избрани за потпретседатели на Генералното собрание на ОН во 1963, 1979 и 1986 година.