Adam Abu-bashal
09 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
АБУЏА
Во западноафриканската држава Абуџа, во сојузната држава Квара дојде до верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 12 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Противпожарната служба на сојузната држава Квара за медиумите соопшти дека во подрачјето на Оке-Оји, каде што се наоѓал магацин за нафта, дошло до верижна сообраќајна несреќа во која учествувале едно возило и 6 цистерни за нафта.
Директорот на Противпожарната служба информираше дека во пожарот што избувнал по настанатата сообраќајна несреќа животот го загубиле 12 лица, а голем број лица се повредени.
Меѓу повредените коишто се префрлени во болница има лица што се наоѓаат во тешка состојба, поради што владее загриженост поради можно зголемување на жртвите.
Директорот на Противпожарната служба соопшти дека сообраќајната несреќа ја предизвикал возачот на автомобилот, кој се движел со многу голема брзина.