Mahmut Atanur
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЏАКАРТА
На индонезискиот остров Суматра, во покраината Аче се случи земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информираше дека епицентарот на земјотресот се случил на отворено море, 291 километар југозападно од местото Синабанг, на длабочина од 10 километри.
Според првичните информации, засега нема информации за загинати или повредени во земјотресот, а не е дадено ниту предупредување за можно цунами.