свет

Во напади на сирискиот режим во Идлиб загинаа 5 цивили

Од почетокот на оваа година во режимските напади во зоната без судири во Идлиб се убиени најмалку 68 цивили, а повредени стотици

Maımaıtımıng Yılıxıatı  | 19.02.2019 - Обновена : 19.02.2019
Во напади на сирискиот режим во Идлиб загинаа 5 цивили

Idlib

ИДЛИБ (АА) - Петмина цивили загинаа во артилериски напади на сириските режимски сили и милициите поддржани од Иран во северозападната сириска област Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Според официјалниот претставник на цивилната одбрана „Бели шлемови“, Мустафа Хаџ Јусуф, нападите биле насочени кон градовите Кан Шејхун и Маарет ал Нуман.

Тој изјави дека во гранатирањето биле повредени и шест цивили.

Од почетокот на оваа година во режимските напади во зоната без судири во Идлиб се убиени најмалку 68 цивили, а повредени стотици.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın