Fatma Esma Arslan
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
ДАКАР
Светската програма за храна (WFP) предупреди дека 1,5 милиони луѓе се соочуваат со глад во Мадагаскар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од WFP се наведува дека сушата на југот на Мадагаскар постепено се зголемува.
Се истакнува дека регионот е на работ на сериозна хуманитарна дека 1,5 милиони луѓе, или приближно половина од населението во регионот, имаат потреба од итна помош на храна.
Светската програма за храна нагласува дека е потребен фонд од 31 милиони евра за да се задоволи оваа потреба.
Југот на Мадагаскар во последните неколку години се бори со суша бидејќи нема доволно дождови.
Луѓето од регионот поради сушата не можат да се занимаваат со земјоделството, кој е нивниот главен извор на приход.
Исто така се наведува дека луѓето тропското овошје тамаринд го мешале со бела глина, и на тој начин ги задоволувале потребите за храна.
Познато е дека оваа мешавина има сериозни несакани здравствени ефекти како што е надуеност на стомакот.