свет

Во Либија се урна амбулантен хеликоптер, загинаа 5 лица

Меѓу загинатите се двајца членови на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата во Куфра. Останатите две жртви се странци, пилотот и неговиот помошник.

Serdar Dincel  | 10.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
Во Либија се урна амбулантен хеликоптер, загинаа 5 лица

ИСТАНБУЛ (АА) – Амбулантен хеликоптер се урна во базата Ал-Сара во Либија синоќа, враќајќи се од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Несреќата се случила на околу 300 километри од југоисточниот град Куфра, објави порталот „Ал-Васат“, кој се повикува на информирани извори.

Меѓу загинатите се двајца членови на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата во Куфра. Останатите две жртви се странци, пилотот и неговиот помошник, се вели во објавата.

Не се достапни дополнителни детали во врска со причините за несреќата, а либиските власти сè уште не издале официјално соопштение за инцидентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.