Ekipa
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
БЕЈРУТ (АА) - Висок командант на Хезболах е убиен од страна на непознати вооружени лица утринава во јужниот дел на Либан, јавија иранските и либанските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската полудржавна новинска агенција „Фарс“ објави дека убиениот командант Мухамед Али Јунис бил „одговорен за пронаоѓање шпиони и соработници“. Досега нема дополнителни информации за тоа како бил убиен.
Некои либански медиуми блиски до Хезболах објавија дека Јунис гонел осомничен кога се нашол во заседа од три автомобили во подрачјето на Зутар.
Опозициските либански медиуми соопштија дека зад убиството стои израелската Разузнавачка агенција „Мосад“.
Сè уште не е објавено официјално соопштение од Хезболах за настанот.