Bayram Altuğ
25 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку една алпинистка загина, а тројца се повредени во снежната лавина која се сруши на швајцарските Алпи во близина на швајцарско-италијанската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарската новинска агенција СДА го пренесе соопштението од Полициската управа во швајцарскиот кантон Вале во кое се наведува дека четворицата алпинисти синоќа биле затрупани од снежна лавина на 3.500 метри надморска височина на планината Егуиле де ла Ца.
Спасувачките екипи успеале да ги извлечат повредените планинари и да ги пренесат во болница, а 40-годишната жена кратко време по пристигнувањето во болницата починала.
Останатите тројца планинари се хоспитализирани и се надвор од животна опасност.
Од почетокот на годината на швајцарските Алпи загинаа најмалку тројца алпинисти.