Bedrudin Brljavac
19 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
ДАБЛИН (АА) - Голем митинг за поддршка на Палестина се одржа во Даблин, главниот град на Ирска, известува Анадолу.
Илјадници демонстранти упатија апел до Израел да ги запре воените дејствија во Газа и до луѓето ширум светот да ја поддржат Палестина.
Демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти на кои се осудува масакрот што израелската армија го врши во Појасот Газа.
Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади на Појасот Газа се убиени над 35.386 Палестинци, воглавно деца и жени, а 79.366 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.