Halime Afra Aksoy
30 Декември 2023•Ажурирај: 31 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади од 7 октомври на Појасот Газа се убиени 21.672 Палестинци, известува Анадолу.
Само во последните 24 часа се убиени 165 Палестинци.
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина во Газа, Ашраф ал Кудра, информираше за израелските напади на Појасот Газа.
Кудра рече дека израелските сили во последните 24 часа убиле 165 Палестинци и раниле 250 во Појасот Газа.
Портпаролот на Министерството за здравство рече дека бројката на загинатите Палестинци во израелските напади на Газа од 7 октомври досега е зголемен на 21.672, а 56.165 се повредени.