Mehmet Nuri Uçar
25 Ноември 2024•Ажурирај: 26 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Во нападите што израелската армија ги изврши врз различни точки во Појасот Газа во последните 15 дена убиени се најмалку 523 лица, а 1.709 се повредени, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави информации за нападите на Израел врз Појасот Газа во текот на 416 дена.
Најмалку 24 лица се убиени, а 71 е повредено во два одделни масакра што израелската армија ги изврши врз различни делови на Газа во последните 24 часа.
Врз основа на овие информации, во последните 15 дена во нападите на израелската армија врз Газа убиени се најмалку 523 лица, а 1.709 се повредени.
Израел во бомбардирањата и гранатирањата на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега уби најмалку 44.235 Палестинци, а повредени се 104.638.
И додека Израел продолжува со масакрите и уништувањето на цивилната инфраструктура, таргетирајќи болници и образовни институции во кои се засолниле Палестинците, припадниците на цивилната заштита и медицинскиот персонал не можат да пристапат до илјадниците мртви што се наоѓаат под урнатините и на патиштата поради израелските блокади.